Поврзете се со нас

Светски првенства

Ибра се самопрогласи за крал на Шведска па порача: Иако имам 39 години, се уште имам потези на нинџа

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ по цели пет години се врати во репрезентацијата на Шведска и веднаш се виде неговото влијание во селекцијата на „трите круни“.

Ибрахимовиќ асистираше на единствениот погодок кој го постигна Клаесон и со кој Шведска дојде до минимална победа против Грузија од 1:0.

По натпреварот, Ибрахимовиќ во нему својствен стил се огласи преку социјалните мрежи самопрогласувајќи се за крал на Шведска. Моменталниот крал на Шведска е Карл XVI Густаф, а Ибрахимовиќ под неговата фотографија во шведски дрес само напиша Карл XVII Гузтаф, додавајќи ја буквата „З“ која е негов заштитен знак.

За медиумите пак, Ибрахимовиќ истакна дека и со 39 години се чувствува одлично и дека се уште има потези на нинџа.

– Немам никаков план пред натпреварите, едноставно го правам тоа што е најдобро во даден момент. И понатаму ги имам оние нинџа потези иако имам 39 години. Се чувствувам олдично, -изјави Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни