Поврзете се со нас

Италија

Ибра сака да остане во Милан, наскоро средба со раководството на клубот

Објавено

на

Италијанските медиуми пренесуваат дека во следните неколку денови треба да се одржи средба помеѓу Златан Ибрахимовиќ и раководството на Милан на која ќе се разговара за иднината на Швеѓанецот.

Офанзивецот ќе биде надвор до терените во следните осум месеци по тешката операција на коленото, што значи дека ќе пропушти најмалку шест месеци од новата натпреварувачка сезона .

Токму тоа ќе биде разговарано на средбата, дали Милан ќе му излезе во пресрет на фудбалерот кој сака да продолжи уште една сезона како „росонер“ или ќе се одлучи да не му го продолжи договрот.

Постои опција според која Ибрахимовиќ би бил слободен агент се додека не заздрави, а во јануари би потпишал краткорочен шестмесечен договор со Милан како би останал во клубот и следната сезона.

Таква беше ситуацијата со Ибрахимовиќ додека беше член на Манчестер Јунајтед. Тој на крајот на првата сезона на „Олд Трафорд“ заработи повреда, за потоа да не го продолжи веднаш договорот, туку тоа да го стори во зимата и да остане во Манчестер уште шест месеци.

Инаку, Милан веќе договори ангажман на нов офанзивец во името на Дивок Ориги кој наскоро се очекува да биде претставен како ново засилување во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни