Поврзете се со нас

Италија

Ибра реши што ќе прави на 40 години: Го чекав овој ден (Видео)

Објавено

на

Тоа што го најавуваше италијанската јавност во текот на денешниот ден, вечерва доби официјална потврда, откако Милан информираше дека Златан Ибрахимовиќ ќе го носи дресот на „росонерите“ и на 40-годишна возраст.

Швеѓанецот стави потпис на нов едногодишен договор и оваа информација сега официјално беше потврдена, што значи дека Златан ја продолжува своајта фудбалска приказна во клубот кој тој најмногу го сака во Италија.

– Сагата продолжува, – порача задоволниот Ибра на социјалните мрежи, а го одработи и првото интервју за официјалната телевизија на Милан.

– Навистина сум многу среќен, го чекав овој ден. Останувам уште една година, тоа е она што е важно во овој момент. Отсекогаш сум велел дека играњето за Милан е како да играм дома. Многу сум среќен, среќен сум од сите во клубот, од соиграчите, тренерот, навивачите кои најмногу ми недостасуваат.

– Ова е како мој дом, ако можам да останам цел живот во Милан, би го направил тоа. Задоволство е да се работи со Пиоли. Тој ја има правилната енергија и секогаш го бара максимумот од тимот, – изјави Ибра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни