Поврзете се со нас

Светски првенства

Ибра распали по Аргентинците: Тие веќе нема да освојат ништо, воопшто не сум загрижен за Мбапе! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrooklynNets

Златан Ибрахимовиќ беше уверен дека Лионел Меси ќе ја освои светската титула и пред завршната фаза на мундијалот посочи дека „тоа е напишано на небото“, но откако се оствари тоа во Катар, на Златан му беа потребни речиси 40 дена за да излезе со прва изјава.

Швеѓанецот во интеврјуто за „Франс Интер“ отворено говореше за епилогот на Светското првенство, но со своите заклучоци експресно се најде во центарот на вниманието.

Златан порача дека Меси со трофејот го обезбедил статусот „најдобар во историјата“, истакна дека жали за Килијан Мбапе, но дека најмногу ги жали останатите аргентински фудбалери кои се однесуваа лошо и според него нема да освојат веќе ништо без својот капитен.

– Меси се смета за најдобар во историјата и ќе остане запаметен по тоа што го освои Светското првенство во Катар. Бев 100 проценти убеден дека ќе го освои мундијалот.

– Навистина жалам за Мбапе. Да постигнете четири гола и да не победите во финалето, тоа е навистина жално. Но, Мбапе освои еден мундијал и ќе освои пак. Не сум загрижен за Мбапе, загрижен сум за аргентинските фудбалери бидејќи тие веќе нема да освојат ништо. Меси освои се и ќе остане запаметен, но останатите се однесуваа лошо и тоа не може да се почитува. Ова го кажувам како професионалец од високо ниво. Еднаш го освоија, но веќе нема да освојат ништо, – изјави Ибра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни