Италија
Ибра откри дека бесниот Консеисао искршил телевизор во соблекувалната: Ако немаше температура….. (Видео)
Сержо Консеисао наследи тим кој играше нависитна конфузно под водство на Пауло Фонсека и на самиот му беше јасно дека има тешка работа пред себе, но португалскиот стручњак во период од една недела успеа да го донесе првиот трофеј на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ влегоа како еден од двата тима со најмали шанси за трофејот во Суперкупот, но на крајот четата на Консеисао се враќа со освоена титула од Ријад, и тоа откако направи два пресврта во полуфиналето и финалето.
Милан најпрво правеше кам-бек против Јувентус и славеше со 2:1, додека во понеделникот го нокаутираше градскиот ривал Интер откако губеше со 2:0 на стартот на второто полувреме.
Драматичната победа и големата победа над Интер донесоа голема еуфорија во клубот, а говор пред сите присутни во соблекувалната имал и Златан Ибрахимовиќ.
– Остваривме една од нашите цели. Сакавме реакција и добивме реакција. Ова беше нашата реакција момци. Пред да почнам да зборувам, сакам да поделам комплименти за тренерот и неговиот стручен штаб……, – вели Ибрахимовиќ, кој откри дека Консеисао искршил телевизор во соблекувалната во моментите кога беснеел по крајот на првото полувреме против Јувентус во полуфиналето.
– Одлична работа за само неколку дена. Среќна околност беше што имаше температура, ако не беше така, ќе искршеше многу повеќе од само еден телевизор. Исто така, честитки и до играчите. Се испотивте за оваа победа, бевте пожртвувани и покажавте глад. Кога еден тим има желба да победи, тешко е да биде победен. Се враќаме во Италија со трофеј, да почнеме да градиме од ова и да освојуваме бодови со истиот менталитет. Момци, ова е Милан, играме за трофеи! Ако сакате да влезете во историјата на Милан, мора да освојувате титули, – порачал Ибра.
-
Свет14 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Репрезентација15 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија10 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија12 часа
Гвардиола: Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал…
-
Светски првенства5 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Шпанија17 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Англија13 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…
-
Шпанија17 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..