Поврзете се со нас

Свет

Ибра образложи што го прави Жиру поразличен играч од сите други (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ е човекот кој донесе позитивна промена во Милан и оној кој е најзаслужен за прекинот на шампионскиот пост, но мора да се истакнат и имиња како Оливие Жиру кој експресно имаше многу позитивно влијание на „Сан Сиро“.

Според многумина, Жиру е еден од најпотценетите играчи во светот во последните десет години и од јавноста не добива третман каков што заслужува, но бројките и титулите говорат сами за себе и никој не може да ги побие.

Пред два дена, Жиру го мина Тјери Анри на вечната листа и стана најдобар стрелец во историјата на француската фудбалска репрезентација, но додека медиумите знаат да бидат резервирани околу неговото име, Златан веќе има изградено посебно мислење за својот колега.

– Жиру секогаш треба да биде стартер за Франција, бидејќи тој е победник. Оливие е сериозна личност. Тој не е играч кој ќе даде 40 гола во сезоната, но ќе донесе нешто за тимот што останатите нема.

– Тоа е така бидејќи Жиру не е на теренот за да игра за себе, тој е на теренот за да им помогне на другите, – вели Ибра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни