Поврзете се со нас

Свет

Ибра направи разлика меѓу „старата фудбалска школа“ и новата генерација на фудбалери: Одиграле добри пет минути…..

Објавено

на

blank

Златан Ибрахимовиќ не штедеше комплименти за Стефано Пиоли во интервјуто кое го нарпави за шведскиот канал „Discovery+“, но даде и интересна изјава поврзана за комплетно различните генерации на фудбалери на кои наишол во моментите кога првпат пристигна во Италија, како и оваа актуелната која ја дочека во Милан.

Легендарниот шведски голгетер потенцира дека станува збор за огромна разлика, додавајќи дека му е посебно мило што тој потекнува од старата школа на фудбалери кои знаат да ја ценат хиерархијата и традицијата на овој спорт.

– Тука сум за да победувам, не ми е грижа дали си млад или не. Нема време за губење во Милан, ако не си добар, нема врска што си млад. Во Милан нема време за губење, ако не играш добро, ќе дојде друг играч на твое место.

– Јас се однесувам со сите исто на теренот, на надвор од него користам различни методи. Ако си Рафаел Леао, те гледам и се однесувам на еден начин, ако си Симон Кјаер, ако си повозрасен и поискусен, се однесувам поинаку.

– Кога јас првпат дојдов во Италија, имав соиграчи кои на мене гледаа како на мало дете кое носи енергија и адреналин на теренот. Сите мои соиграчи беа големи ѕвезди и имаа освоено големи трофеи. Овие нови генерации се поинакви. Одиграле добри пет минути и мислат дека се ѕвезди, дека се големи играчи. Среќен сум што доаѓам од старата школа, старата школа која правеше големи фудбалери. Мораше да се докажеш во неколку наврати за да добиеш пофалба од соиграчите, – вели Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни