Поврзете се со нас

Италија

Ибра му објави „војна“ на директорот на Милан: Ова не е клубот кој јас го познавав!

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ сигурно нема да настапи на куп дуелот против Јувентус поради повредата на мускулот, но затоа Швеѓанецот стана топ тема во јавноста во Италија поради веста која ја пренесе „Кориере дело Спорт“.

Угледниот весник од Апенините открива дека Ибра веќе нема трпение за случувањата во клубот откако се врати во Милано, па јавно почнал да го искажува своето незадоволство, и тоа како обично, без влакна на јазикот. Респектабилниот медиум тврди дека Ибра влегол во „војна“ со Иван Газидис, директор кој всушност беше главен виновник што видовме заминување на легендарниот Ѕвонимир Бобан.

Уште тогаш беше пренесено дека Златан останал шокиран од дејствувањата на клубот, но сега дополнително се фрустрирал откако Газидис на неколку дена пред полуфиналето во Купот им нагласил на играчите дека ќе мора да прифатат намалување на платите.

Ибра не збеснал поради барањето од клубот, туку поради односот на Газидис од кого немало ниту трага, ниту глас во изминатиот карантински период поради коронавирусот.

– Те нема никаде толку долго, а сега се појавуваш на 48 часа пред полуфиналето и бараш намалување на платите. Милан веќе не е оној стариот, постои огромна неизвеснот во цела оваа приказна, – порачал разочараниот и бесен Ибра.

Натпреварот против Јувентус во Купот е последна шанса за Милан да остане во игра за некаков трофеј, а ваквата увертира за истиот е само уште еден доказ дека работите во клубот се далеку од розеви и идилични.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни