Поврзете се со нас

Италија

Ибра јавно прозва еден играч на Милан: Очекувам да прерасне во лидер во новата сезона

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/iamzlatanibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ стана директор на Милан и е задолжен за најважните одлуки кои ги повлекува оперативниот тим, па тоа му носи и малку спефицична ситуација со фудбалерите кои до неодамна му беа соиграчи.

Ибра сега мора се постави на поинаков начин и да решава за судбината на некогашните соиграчи, но самиот тој вели дека засега се снаоѓа многу добро во оваа улога.

– Уживам во новата улога, уживам во притисокот. Имам голема одговорност и голем предизвик. Но, сите кои се дел од мојот тим, за доручек јадеме притисок…., – вели Ибра во свој стил.

– Најтешко е тоа што добро ги познавам сите момци од тимот. Бев навикнат да играм со нив, а сега носам одлуки за нив, од кои некои се и тешки. Засега оди добро, засега сум пријателски настроен, но тоа може да се смени, – додава Златан во интервјуто за „ЕСПН“, во кое јавно го прозва и Кристијан Пулишич.

– Му подадовме рака и мислам дека ја имаше најдобрата сезона во кариерата со нас. Очекувам уште повеќе од него во новата сезона. Очекувам да прерасне во лидер, бидејќи останатите млади играчи во тимот имаат потреба од лидер. Ние сме тука да го поддржиме, негова задача е да се фокусира само на случувањата на теренот, – потенцира Швеѓанецот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни