Ибра излезе со свој став за жалната ситуација во Милан: Постои само едно решение

ibra-malme

Поставувањето на директорскиот двоец „Малдини-Бобан“ според многумина требаше да претпоставува враќање на Милан на старите патеки, но по само неколку одигрни кола, стана јасно дека нивниот првично замислен проект тргна во погрешен правец, за што потврда добивме и ова попладне.

По лошиот старт на новата натпреварувачка сезона, Милан му врачи отказ на тренерот Марко Џампаоло, епилог којшто само е потврда за нестаблината ситуација на клубот кој во последните години промени безброј тренери. Џампаоло издржа само седум кола како тренер на Милан и не го спаси ниту последната победа против Џенова, а во ситуација кога се очекува Пиоли и официјално да биде назначен за негов наследник, со свој став за случувањата на „Сан Сиро“ се јави Златан Ибрахимовиќ.

– Навистина сум тажен што го гледам Милан во ваква ситуација. Милан треба да е клуб кој се бори за врвот, треба да се на врвот кога се во прашање резултатите и инвестициите. Најдобрите играчи во светот треба да се во Милан, но тоа не е ситуацијата во овој момент. Мора да направат сериозни инвестиции, инаку нема да постигнат ништо. Тоа е единственото решение, нема да добиете квалитет за беспари, – порачува Ибра во интервјуто за „Скај Спорт Италија“ по инаугурацијата на неговата златна статуа во родниот Малме.

– Горд сум на почеста која ја добив од градот, моите успеси ќе се паметат вечно. Сега има двајца Златани, светот сега е подобро место за живеење, но и поопасно. Еден е оригинален, а другиот ќе живее вечно. Некои играчи имаат само трофеи, а некои трофеи и статуи, – во свој стил заврши Златан.

Facebook Коментари