Поврзете се со нас

Боречки спортови

Ибра избра фаворит за бокс-спектаклот во Лас Вегас: Направи ми услуга и танцувај во рингот

Објавено

на

Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер ќе ја комплетираа својата бокс „трилогија“ и по третпат ќе ги одмерат силите во рингот, овојпат во Лас Вегас во борба која треба да започне рано наутро (сабота кон недела) во 5:30 часот.

Во првата борба, судиите оценија дека нема победник и изгласаа реми, во втората Фјури беше доминантен и победи со нокаут во седмата рунда, а пред новиот бокс спектакл кој ќе го гледаме рано утрово, со своја интересна најава се јави и Златан Ибрахимовиќ кој е голем вљубеник во боречките вештини.

Искусниот Ибра јавно избра страна и му испрати порака на Тајсон Фјури, порачувајќи му дека очекува да го гледа неговиот карактеристичен боксерски танц во рингот и овојпат.

– Тајсо Фјури, пријателе, се надевам дека си добро и дека се е како што треба. Ти посакувам многу среќа, иако знам дека нема да ти треба. Ти си на ниво да пишуваш историја.

– Сите ти се воодушевуваат, ти си инспирација за сите нас. Продолжи да го правиш тоа што го правиш и биди свој. Направи ми услуга, излезе во рингот и танцувај, прави го она што најдобро го знаеш. Земи го тој појас и продолжи по својот пат, – му порача Ибра на Фјури.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни