Ибра имаше момент на помрачување, судијата со помош на ВАР му го покажа првиот црвен картон во Америка (Видео)

sudija-ibra

Лос Анџелес Галакси е во катастрофална серија од четири последователни порази во МЛС лигата, а оваа вечер повторно не е на добар пат да оствари позитивен резултат откако на полувреме има резултат 0:0 на гостувањето кај Монтреал, но и играч помалку.

Причина за таквото сценарио е потегот кој го изрежира најголемата ѕвезда на тимот, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ кој се покажа во навистина лошо светло и сосема заслужено го доби првиот црвен картон во својата авантура во Америка. Противничкиот играч Петрасо враќајќи се назад несакајќи го згазна напаѓачот, а овој без размислување му удри заушка на фудбалерот на Монтреал по што и двајцата паднаа како покосени на земјата. Судијата не ја примети баш најдобро оваа ситуација и доби асистенција од ВАР судиите, по што Петрасо доби жолт, а Ибра црвен картон.

Facebook Коментари