Поврзете се со нас

Италија

Ибра и Михајловиќ го украдоа шоуто на Сан Ремо: Нашето пријателство започна со тој удар со глава

Објавено

на

Нема сомнеж, Синиша Михајловиќ и Златан Ибрахимовиќ беа главни ѕвезди на вечерта на вчерашното издание на престижниот музички фестивал, Санремо.

Ибрахимовиќ два дена беше специјален гостин на фестивалот, а вчера во придружба на Михајловиќ запеаја и песна на бината со што дефинитивно го привлекоа најголемото внимание.

За време на нивниот престој на бината и двајцата раскажаа за нивното пријателство кое датира одамна, а Михајловиќ откри дека истото започнало со ударот со глава кој го добил од Ибрахимовиќ.

– Нашето пријателство започна со ударот со глава. Работата со Златан е тоа што не можеш да го чуваш. Треба да го провоцираш и на тој начин да го извадиш од игра. Тој беше толку лут и беше исклучен од игра. Кога се приклучи на Интер сакав да му ја возвратам услугата. Така ние си покажуваме меѓусебна почит, -изјави Михајловиќ кој не пропушти прилика и сега да го испровоцира Ибрахимовиќ.

– Љубоморен е за нешто што го нема. Лигата на шампионите. Тој играше, јас ја освоив, -низ насмевка изјави Михајловиќ.

Потоа Ибрахимовиќ се сети на моментите кога дознал дека на Михајловиќ му е дијагностицирана акутна леукемија.

– Требаше да почекам неколку денови затоа што немав храброст да му се јавам. Кога му се јавив, не можев да зборувам. Сакав да му кажам дека било што и да му треба, може да ме побара, а Сини ми рече „Би поминал со напаѓач кој постигнува голови“. Му реков дека ќе видиме, а потоа ми се јавуваше секој ден да ме праша дали сум донел одлука, -изјави Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни