Поврзете се со нас

Италија

Ибра го замени Консеисао на соочувањето со новинарите и посочи: Сержо е потресен од лошата вест

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Милан едвај успеа да ја скрши најлошата одбрана во Серија А и оствари минимална победа над Верона со 1:0, резултат по кој новинарите не дочекаа ниту една изјава од предводникот на тимот, Сержо Консеисао.

Поради моменти на голема тага, тренерот на Милан побарал да не ги одработи своите обврски кон новинарите, па неговото место го пополнил Златан Ибрахимовиќ, кој истовремено откри дека причина за непојавувањето на тренерот е лошата вест од Португалија.

Поранешниот претседател на Порто, Нуно Пинто Да Кошта вчера почина на 87-годишна возраст, а бидејќи станува збор за личност која Консеисао ја гледаше како татко, очекувано е тоа што Сержо не сакал да се појавува во јавноста.

– Јас сум тука пред вас бидејќи Сержо се уште е во соблекувалната. Тој е потресен од смртта на претседателот на Порто, тој бил како татко за него, – изјавил Ибра, кој потоа се осврнал на натпреварот со Верона.

– Со сета почит кон Верона, но тие дојдоа само да се бранат на „Сан Сиро“ и понекогаш е тешко да скршите такви противници. Ако постигневме гол порано, ќе гледавме друг меч, но на крајот успеавме да постигнеме барем еден и да оствариме важна победа, – додал Швеѓанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни