Поврзете се со нас

Италија

Ибра: Го добивме „црниот пантер“, јас сум тој кој одлучува дали ќе трошиме уште пари

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ долго го следеше Емерсон Ројал и уште подолго преговараше со Тотенхем за негов ангажман, но Швеѓанецот на крајот ја комплетираше операцијата и осигура трето летно засилување.

Поранешниот десен бек на Барселона е профил на играч кој ќе одговара на филозофијата која ја негува Пауло Фонсека, па затоа Ибра е презадоволен што го добил својот „црн пантер“.

– Прво и основно, сакам да му посакам добредојде на нашиот „црн пантер“, Емерсон Ројал. Го следевме навистина долго, но го купуваме во вистински момент.

– Тој е физички многу добар играч, напаѓа и знае да се брани. Го има потребниот интензитет и потребната цврстина. Сега сме уште посилни со него, особено поради фактот што тој беше една од нашите клучни цели на стартот на преодниот рок. Конечно е тука меѓу нас и му посакуваме многу среќа, – изјави Ибрахимовиќ, кој откри дека газдата Гери Кардинале сака да троши уште пари на нови засилувања.

– Не се брзаме како клуб и се е под контрола. Точно е дека Кардинале е во градот и веќе имав состаноци со него. Зборувавме за многу работи и нема ништо ново. Тој сака да троши уште пари, но јас велам „НЕ“. Ќе трошиме само ако е потребно, не по секоја цена, – потенцира Ибра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни