Поврзете се со нас

Италија

Ибра директно исконтактирал шпански репрезентативец и му ја понудил „9-та“ во Милан

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Златан Ибрахимовиќ е оперативен партнер на „РедБрд“ и како главен советник има важна улога во сите конечни избори кои ги прави клубот, па така беше и во ситуацијата кога се бараше нов тренер.

Ибра пред три недели детално објасни зошто Милан го ангажирал Фонсека, но во обид да му обезбеди што поконкурентен тим, веќе ги користи сите свои конекции за да му донесе еден елитен напаѓач.

Како што јавуваат познатите медиуми од Италија и Шпанија, Златан директно му се јавил на Алваро Мората и јасно му ставил до знаење дека Милан го посакува во своите редови, па сега се очекува разврска на Европското првенство за да се види дали преговорите ќе продолжат.

Мората има неизвесна иднина во Атлетико Мадрид и повторно е многу актуелен на италијанскиот трансфер пазар, пред се поради одличната етапа која ја имаше во Јувентус.

Италија е добра позната средина за Алваро и Милан сака повторно да го привлече на Апенините, а супер поволна вест за „росонерите“ е тоа што Мората во договорот со Атлетико има специјална клаузула, според која може до крајот на јули да биде ослободен за 13 милиони евра.

Милан сака да донесе искусен напаѓач како замена за Оливие Жиру, па поради тоа, Ибра наводно му ја ветил и „9-та“ на Мората, бројот кој го носеше францускиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни