Поврзете се со нас

Италија

Ибањез направи страшен кикс на дербито, Лацио ја разби Рома на „Олимпико“ (Видео)

Објавено

на

По две реми средби во низа со идентични 1:1, големото „Дерби дела Капитале“ во Италија оваа вечер заврши со триумф на Лацио, откако тимот предводен од Симоне Инѕаги комплетно ја разби „волчицата“ на „Олимпико“ во Рим.

Лацио успеа да стигне до третиот триумф во низа во домашното првенство, и тоа на сметка на својот лут градски ривал кој вечерва ја имаше топката во свој посед, но едноставно не знаеше што да направи со неа во завршната третина од теренот.

„Небесно-сините“ беа далеку поконкретни и ги искористија своите шанси за гол, но секако и подарокот со кој беше отворен резултатот на големото градско дерби. Ибањез направи катастрофален кикс во својот шеснаесетник и им ја подари топката на противниците, по што Чиро Имобиле беше немилосрден и погоди за 1:0.

Лацио ја имаше улогата на домаќин на хартија на овој дуел и по водството до 14-та минута, многу брзо имаше и поубедлива предност од 2:0. Луис Алберто биеше крајно прецизно и ја погоди мрежата на голманот Лопез, па иако Каиседо го попречуваше видикот на чуварот на мрежата, Орсато и луѓето во ВАР собата проценија дека голот е регуларен.

На стартот на вториот дел, Лацио продолжи со директната игра и Милинковиќ Савиќ и Имобиле пропуштија да постигнат трети гол, нотоа што не им успеа на нив, му појде од рака на Луис Алберто кој со својот втор гол ги постави конечните 3:0 на дербито, по кое Лацио се доближи на само три бода од градскиот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни