Ибака се врати во ресторанот во кој молел за остатоци од храна како НБА шампион и ги трогна фановите (Видео)

ibaka-north

Серж Ибака има шпански пасош и своевремно го носеше дресот на „фуријата“, но всушност актуелниот НБА шампион потекнува од сиромашно семејство во Конго кое всушност имало голем проблем да се прехрани.

Благодарение на неверојатниот труд и огромната желба, Ибака стана познат светски кошаркар и пред два месеци стана НБА шампион како член на тимот на Торонто, а сега со последната објава ги запали социјалните мрежи откако накратко го долови неговиот тежок животен пат.

Ибака се врати во родниот Конго и јадеше цела чинија оброк во ресторанот во кој пред 15 години молел за остатоци од добрите луѓе, но и вработените.

– Пред 15 години молев за остатоци од храна, а сега се вратив како НБА шампион, јадејќи цел оброк во истиот ресторан во Конго. Понекогаш животот е како филм, а истиот е напишан само од Бог, – порачува Ибака.

Facebook Коментари