Поврзете се со нас

Шпанија

Иако се беше договорено: Пропадна трансферот на Иско во Бундеслигата

Објавено

на

foto: https://sevillismo.futbol

Иско Аларкон ја започна оваа сезона во шпанскиот прволигаш Севилја во кој дојде од Реал Мадрид каде претходно мина скоро една деценија.

Меѓутоа кратко траеше приказната на Иско со составот од Андалузија со оглед на тоа што дојде до прекин на соработката во месец декември по што сега Шпанецот е слободен играч. Оваа слобода на Иско требаше кратко да трае, односно истата да заврши со негов трансфер во германскиот шампионат во редовите на Унион Берлин.

Медиумите информираа дека се е договорено да се затвори оваа зделка, ама истата нема да се реализира од различни причини ако се земат во предвид соопштенијата на двете страни.

-Сакавме да го видиме Иско со нас, но имаме наши граници. Овие граници беа надминати денеска спротивно од претходниот договор. На крајот, договорот за Иско нема да се случи, порача директорот на бундеслигашот, Оливер Рухерт.

Застапниците на фудбалерот пак имаат друга приказна.

-Во текот на преговорите моравме да сфатиме дека нашиот партнер во разговорите веќе не е подготвен да се движи во рамките на тоа што првично беше дискутирано, -порача агенцијата на Аларкон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни