АТП
И Зверев му симна капа на Ѓоковиќ, па излезе со интересен заклучок за неговиот нов рекорд

Александер Зверев го разочара Карлос Алкарас и му го расипа дебитантскиот настап на завршниот Мастерс турнир, бидејќи во воведната рунда во „црвената група“ успеа да го победи со пресврт.
Саша го загуби првиот сет во тајбрејкот, но потоа правеше брејкови во вториот и третиот сет и ги освои првите поени во својата група, што само покажува дека е подготвен за најдобра игра на турнирот кој го има освоено двапати во кариерата.
Германецот по триумфот од 2:1 говореше за добрата претстава која ја имаше во Торино, но не пропушти шанса да го искоментира и новиот рекорд на Новак Ѓоковиќ кој по осми пат во кариерата го подигна трофејот за најдобар тенисер на годината.
– Новак е играч кој на најдобар начин води сметка на своето тело. Тоа го прави подобро од сите останати заедно на турот. И јас често се прашувам колку е импресивно тоа што игра на вакво ниво, особено е импресивно неговото движење. Го гледам од првиот ден кога почнав да играм тенис и си го поставувам тоа прашање.
– Поминаа толку години, а тој и натаму напредува. Има 36 години, но изгледа како да има 26 или 27. Мислам дека денеска е во подобра форма од тоа што беше пред десет години. Воопшто не изгледа како некој кој мисли да сопре, – изјави Зверев.
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 22 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума