Поврзете се со нас

Франција

И вториот член на семејството Мбапе си заминува од ПСЖ

Објавено

на

foto: x.com/OptaJean

Пари Сен Жермен пред некое време официјално остана без Килијан Мбапе кој одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Реал Мадрид.

Меѓутоа Килијан нема да биде единствениот член од семејството Мбапе кој си оди од „Паркот на принцовите“ затоа што тоа ќе го направи и неговиот брат Етан.

Тој има 17 години и преку социјалните мрежи објави дека ја завршува приказната со „светците“, клубот кого многу го сака и почитува, но е подготвен за нов предизвик.

Кој ќе биде следниот потег се уште не е познато, се појавија одредени информации дека тоа може да биде Лил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни