Поврзете се со нас

Формула 1

И во Ред Бул паднала одлука: Познато кој возач би требало да му прави друштво на Ферстапен

Објавено

на

Холандскиот весник „Де Телеграф“ во своето денешно издание пренесе ексклузивни информации од таборот на Ред Бул.

Медиумот кој се смета за близок до пилотот на тимот, Макс Ферстапен откри дека Александер Албон нема да биде вториот пилот на Ред Бул за следната сезона, туку ќе ја има улогата на резервен возач.

Ваквата одлука доаѓа по лошата сезона на тајландскиот пилот во таборот на Ред Бул. Него би требало да го замени Мексиканецот, Серхио Чеко Перез кој наводно ги договорил условите со тимот на Ред Бул.

Чеко Перез зад себе остава одлична сезона во таборот на Рејсинг Поинт која ја круниса со победа на претпоследната трка во Бахреин.

30 годишниот пилот имаше важечки договор со Рејсинг Поинт или од следната година Астон Мартин, но од овој тим се одлучија да му го раскинат истиот и на негово место да го назначат Себастијан Фетел кој доаѓа од редовите на Ферари.

Иако многумина веруваа дека Чеко Перез ќе стави крај на авантурата во Формула 1, тој сепак ќе го пополни местото во Ред Бул и ќе го гледаме на патеките и следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни