Поврзете се со нас

Италија

И тоа се случува: Италијански клуб промени тројца тренери во ист ден

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PiacenzaCalcio

Познато е дека во денешно време фудбалските клубови немаат трпение со тренерите и често се решаваат да се откажат, ослободат од истите по некоја слаба серија на резултати, но понекогаш навистина се случуваат посебни, неверојатни ситуации и вистински пример за тоа е веста од Италија.

Сите вистински љубители на фудбалот дефинитивно го паметат тимот на Пјаченца кој едно време беше редовен член на Серија А, меѓутоа потоа го стигнаа финансиски проблеми и на крајот прогласи банкрот во 2012 година. Сега Пјанченца Калчо 1919 се натпреварува во Серија Д каде направи вистински циркус и во еден ден промени тројца тренери.

Клубот одлучи да се откаже од стратегот Кармине Парлато и во истиот ден експресно како негова замена го назначи Симоне Бентивољо.

Симоне одржа една тренинг сесија или поточно истата беше прекината од навивачите на кои не им се допадна неговиот ангажман и се заканија дека ќе ги бојкотираат сите мечеви на екипата. Бентивољо во 2011 година беше вклучен во обложувачки скандал и беше казнет со забрана за вршење на работа 13 месеци, поточно токму поради ова навивачите не го сакаат на клупата на нивниот омилен тим.

Овој протест вроди со плод, договорот со Симоне беше раскинат и управат на Пјаченца веднаш доведе ново име, таа вечер го врати Стефано Росини кој работел во клуб пред да го наследи Парлато.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни