Поврзете се со нас

АТП

И тоа се случи: Медведев го надигра Руне и дојде до првата титула на земја (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/DaniilMedwed

Данил Медведев е победник на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Рим, турнир кој го освои откако во финалето го надигра талентираниот Холгер Руне.

Русинот е познат по тоа што не ја обожава сезоната на земја, има слаби резултати на оваа подлога, ама и тоа може да се промени ако се суди по настапот во италијанската престолнина. Тој го доби Руне со 7-5, 7-5 и на тој начин дојде до првиот пехар на земјени терени во кариерата.

На патот до истата ги совлада Александер Зверер и Стефанос Циципас што доволно говори дека имаше фантастичне настап кој е одлична најава за Ролан Гарос.

Ова за Данил беше 6. Мастерс во кариерата, вкупно 20 трофеј на АТП сцената, а тоа што е интересно е дека сите титули ги има освеони на различни турнири. Победата воедно ќе му го донесе и второто место на листата, поточно ќе го тргне од истото Новак Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни