Македонија
И тоа е можно, Шкупи одбил понуда за Сандеј вредна 1.5 милиони евра

Македонскиот шампион, Шкупи, одбил понуда за својот најдобар фудбалер од минатата сезона, Сандеј Адетунџи вредна дури 1.5 милиони евра.
Сандеј дојде до признанието најдобар стрелец во македонскиот шампионат и дефинитивно се издвои со своите настапи во дресот на клубот од Чари, по што го привлече вниманието на многу европски клубови.
Според последните информации, Шкупи за Сандеј добил понуда од 1.5 милиони евра, но претставниците на скопскиот клуб без размислување ја одбиле.
Наводно понудата дошла од клуб од Хрватска кој сериозно загризал за одличниот нигериски напаѓач кој веројатно ќе си оди од тимот во летниот преоден рок.
Се очекува Сандеј да остане само за квалификациските натпревари од Лигата на шампионите, а потоа да ја промени средината во трансфер во кој Шкупи ќе заработи многу пари.
За потсетување, напаѓачот пристигна на Чаир минатата сезона за сума од околу 200.000 евра, а сега би можел да реализира трансфер во висина од два милиони евра.
-
Светпред 17 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 18 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 24 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Македонијапред 57 минути
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Италијапред 20 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 17 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Англијапред 14 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата