Поврзете се со нас

Македонија

И Стојкоски потпиша нов договор со „лавовите“ од Ѓорче Петров

Објавено

на

Македонија Ѓорче Петров продолжува да ја гради екипата за новата сезона и најновата вест од скопскиот тим е дека соработката е продолжена со Кристијан Стојкоски.

Стојкоски кој од Работнички се врати во Македонија на почетокот на оваа календарска понуда ја прифати понудата за нов договор и останува во добро позната средина и во кампањата 2022/2023.

-Голема беше желбата да играм европски натпревари со клубот од детството, така да лесно беше да дојдеме до договор со управата. Како и секогаш ќе давам максимум за да и следната сезона биде успешна за мене и Ѓорче, -порача Кристијан.

Претходно „лавовите“ го врзаа тренерот Муарем Бајрами до 2024 година по што следуваше обновување на договорите со голманот Христијан Стевковски и Филип Мишевски.

Само за потсетување клубот од Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија и ова лето ќе не претставува во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни