Поврзете се со нас

Шпанија

И Симеоне со коментар за Супер лигата: Бев убеден дека клубот ќе донесе вистинска одлука

Објавено

на

Стратегот на Ателтико Мадрид, Диего Симеоне даде свое видување за кратката сапуница која настана по објавата дека ќе биде формирана нова Супер лига.

Атлетико Мадрид беше меѓу тимовите креатори на лигата, меѓутоа клубот вчера беше меѓу првите кои јавно се повлекоа од  можен настап во ваквата лига.

Откако стана јасно дека лигата ќе пропадне со коментар се јави и Диего Симеоне кој истакна дека бил убеден дека клубот ќе донесе вистинска одлука, но на крај тие погрешиле. Сепак посочи дека е среќен што набрзо ја сфатиле грешката и се поправиле.

– Претседателот на клубот зборуваше со играчите и стручниот штаб за дилемите кои ги имаше, за тоа што се случуваше претходната вечер, како и одлуката на крај да се напушти Супер лигата. Мислам дека повлекувањето е вистински потег за сите луѓе кои го сакаат овој клуб.

– Бев консултирам. Реков дека сум убеден дека клубот ќе ја донесе најдобрата одлука, меѓутоа тоа не се случи во првиот момент. За среќа ја исправија грешката, -изјави Чоло Симеоне за шпанските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни