Поврзете се со нас

Шпанија

И Симеоне со коментар за понижувањето на Гризман од страна на Сетиен

Објавено

на

blank

Антоан Гризман според многумина беше понижен на вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид.

Францускиот репрезентативец шанса за настап доби само во последните две минути од средбата и не можеше никак да помогне на својот тим да оствари позитивен резултат против „душекчиите“.

На крајот двете екипи ремизираа, а најмногу на овој резултат ќе се радува вториот тим од Мадрид, Реал кој има шанса да се одлепи на плус четири во однос на Барселона во трката за титулата.

За целата ситуација со Антоан Гризман, запрашан за изјава беше и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кој го тренираше Французинот додека тој играше во клубот од Мадрид.

– Немам зборови за оваа ситуација, -кратко изјави Чоло Симеоне одбегнувајќи да даде подетален одговор за неговиот поранешен миленик кој минува низ доста тежок период од кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни