Поврзете се со нас

Италија

И понатаму се позитивни на КОВИД-19: Ернандез и Дијаз ќе ја скокнат и Болоња

Објавено

на

Екипата на Милан нема да може да смета на Тео Ернандез и Брахим Дијаз и на дуелот против Болоња кој в сабота од 20:45 часот се игра на „Ренато Дал Ара“.

Ернандез и Дијаз имаа позитивни тестови на КОВИД-19 и ги пропуштија изминативе два дуели на Милан со Верона и Порто, а како што стојат работите тие ќе бидат во „аут“ и за саботната битка во Серија А.

„Скај Спорт Италија“ пренесува дека тестовите на играчите и понатаму се позитивни иако и двајцата се вакцинирани против коронавирусот.

Добра вест за „росонерите“ е што Анте Ребиќ најверојатно ќе биде на клупата на резерви по повредата која ја заработи против Верона што значи дека ќе може да помогне во одреден момент. Останува да се види дали Златан Ибрахимовиќ ќе го има својот прв старт во актуелнава сезона со оглед на тоа што веќе одигра неколку средби и веќе е во подобра физичка кондиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни