Поврзете се со нас

Италија

И покрај многуте шпекулации, од Наполи со јасен став: Тој останува меѓу нас…

Објавено

на

blank

Сите најголеми англиски клубови се поврзуваа со ангажман на фудбалерот на Наполи и сенегалски репрезентативец, Калиду Кулибали.

За одличниот стопер постоеше сериозен интерес од Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но се чини дека тој и покрај големиот интерес од гигантите од Островот ќе остане во тимот на Наполи.

Ваквата вест ја потврди и спортскиот директор на клубот, Кристијано Гинтоли кој изјави дека Кулибали ќе остане во клубот.

– Нашиот состав е комплетиран, сега ние ќе се обидеме да се ослободиме од играчите кои не добиваат многу минутажа на теренот. Мислам дека Кулибали ќе остане, ние сме среќни со него, а и тој е среќен тука. Има уште три години од неговиот договор, цврсто верувам дека ќе остане, -изјави Гинтоли.

Манчестер Сити веќе се засили со Рубен Дијас и веројатно ќе го откаже интересот за Кулибали, додека засега се уште останува подотворена вратата за трансфер на Кулибали на „Енфилд Роуд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни