Поврзете се со нас

Франција

И Покетино со зајадлива изјава за нереализираниот трансфер на Мбапе: Голем поздрав до…

Објавено

на

Како што стојат работите, Килијан Мбапе ќе остане фудбалер на ПСЖ и по крајот на летниот преоден рок кој е денеска по полноќ.

Брзоногиот фудбалер се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, меѓутоа двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик, па Мбапе ќе остане на „Паркот на принцовите“ барем уште оваа сезона, колку што му е и договорот со клубот.

Дека трансферот нема да се реализира прво навести шеикот,  Ал Тани кој е дел од семејството кое е споственик на ПСЖ, кој објави дека медиумскиот притисок не му може ништо на најбогатиот светски клуб.

Сега, со краток и зајадлив коментар се јави и тренерот на клубот, Маурисио Покетино кој упати „поздрав“ до шпанскиот медиум „Ел Чиригнито“ кој најмногу пишуваше за трансферот на Мбапе во Реал Мадрид.

– Голема преграта до сите во „Ел Чирингито“, -кратко изјави Покетино со што стави крај на надежите на „кралевите“ за ангажман на Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни