Поврзете се со нас

Франција

И Нејмар може да му позавиди: Голманот на Лион глумеше повреда, да не беа рекламите немаше да престане да се врти (ВИДЕО)

Објавено

на

Дерби средбата во Франција меѓу ПСЖ и Лион заврши со победа на гостите со 1-0, победа со која избраниците на Руди Гарсија ги минаа „светците“ на прволигашката табела.

Ова беше дуел кој го одбележаа неколку моменти, а еден од нив беше во режија на голманот на Лион, Антони Лопеш. Првиот чувар на мрежата на поранешниот француски шампион се најде во центарот на вниманието во 71 минута, а причината за тоа е начинот на кој тој реагираше при еден судир со соиграч, судир кој го предизвика Нејмар.

Антони сакаше да го пренагласи ударот, па ја фрли топката и почна да се врти во стилот на Нејмар и се заби во рекламите. Прашањето е дали Португалецот ќе престанеше да се врти ако не беа рекламите, па затоа за овој потег му фаќаат сеир на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни