Поврзете се со нас

Македонија

И Кузманоски потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со левото крило Цветан Кузманоски.

Кузманоски ја прифати понудата на битолскиот состав и ќе продолжи да го носи дресот на овој тим најмалку до 2025 година. Тој од оваа сезона одново е дел од првата екипа на „фармацевтите“, откако претходно се наметна во Еурофарм Пелистер 2.

-Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола, -порача Цветан.

Со ова Пелистер оствари уште една цел на клубот затоа пак вчера го продолжи договорот и со Ненад Костески. Некогашниот играч на ППД Загреб исто се обврза дека ќе остане во сегашната средина до јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни