Поврзете се со нас

Англија

И Гвардиола имаше краток коментар за новиот тренер на „ѓаволите“: Во Германија е многу признат

Објавено

на

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде свое видување за актуелната состојба во неговиот градски ривал, Манчестер Јунајтед, каде деновиве се очекува назначување на Ралф Рагник како нов предводник на клубот.

Рагник на клупата на Јунајтед ќе го замени Оле Гунар Солскјер, меѓутоа ќе остане тренер на „ѓаволите“ само до крајот на оваа сезона, а потоа ќе преземе една од функциите во одборот на клубот.

Според многумина Германецот кој е исклучително дисциплиниран конечно ќе воведе ред во Манчестер Јунајтед и ќе го врати тимот онаму каде што припаѓа.

Пофални зборови за Рагник имаше и од Пеп Гвардиола кој работеше во Германија и знае за каков квалитет станува збор.

– Имам зборувано само еднаш со него и тоа преку телефон. Знам дека заврши неверојатна работа за Лајпциг и Салцбург и дека во Германија е неверојатно признат и многу познат, -кратко одговори Пеп на прашањето за се поверојатно новиот стратег на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни