Поврзете се со нас

Македонија

И „Голден Арт“ со втор тим, пријавена бројна состојба „100+“

Објавено

на

Ракометниот клуб „Голден Арт“ отвора нова страница на своето функционирање, со формирање на втора екипа која од оваа сезона ќе се натпреварува во првата македонска ракометна лига.

Во денешното соопштение на клубот се наведува дека втората екипа ќе се вика „Голден Арт Аеродром“.

– Следејќи ја сопствената политика на инвестирање и посветување внимание во создавање македонски ракометари, создавајќи услови и можност истите да се развиваат и надоградуваат, ракометниот клуб „Голден Арт“ од оваа сезона ќе има две екипи кои ќе се натпреваруваат во сениорските лиги во организација на Ракометната федерација на Македонија. РК „Голден Арт Аеродром“ е екипа која ја сочинуваат млади ракометари на возраст од 16 до 19 години, голем дел од нив дебитанти во сениорска конкуренција и играчи кои треба следните две години да се стекнат со потребно искуство и вештини, со цел нивно профилирање во квалитетни ракометари, кои што во иднина би го носеле дресот на „Голден Арт“ во највисокиот ранг на натпреварување, но и дресот со националните обележја,- се вели во дописот.

Голден Арт како колектив, оваа сезона, се натпреварува во најквалитетната ракометна лига на Македонија и е дел од „Б“ групата. Покрај сениорските натпреварувања, за сезонава овој колектив пријави најголем број на екипи во младински категории. Имено, во младинската лига „Голден Арт“ ќе игра со една екипа ракометари родени 2004-та година и помали, потоа со две екипи во кадетската лига за ракометари родени 2006-та година и помали и една екипа во пионерската лига на ракометари родени 2008-ма година и помали, со вкупна бројка над 100 ракометари во сите конкуренции.

– На овој начин, клубот кој своите тренинзи и натпревари ги реализира во С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром покажува дека посветува внимание во развој на македонски производ, инвестирајќи голем дел од средствата од буџетот на клубот во младински категории, како клучен сегмент за производство на квалитетни ракометари и спортисти воопшто,- се дополнува во соопштението до медиумите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни