Поврзете се со нас

АТП

И Ѓоковиќ проговори за најактуелната фудбалска тема: Тоа не звучи добро…

Објавено

на

Топ тема во фудбалскиот свет е новоформираната Европска Супер лига во која засега се 12 клубови и тоа од Англија, Шпанија и Италија со тоа што целта е да се дојде до 20 тимови од кои само уште три би биле сигурни учесници, останатите пет пак ги минале низ квалификациски филтер за да дојдат до елитата.

Овој потег на големите тимови донесе остри реакции, коментари, апели да го променат ставот, мислењето од проста причина што вака фудбалот ја губи суштината. Како ќе се движи оваа ситуација и што ќе излезе од сето ова ќе покаже времето, но во меѓувреме својот став на оваа тема го даде и првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.

-Морам за се да се информирам. Дали тоа значи дека нема повеќе ЛШ? Дали никој не може да се натпреварува освен тие 20 тимови? Добро, кога ќе се земе се во предвид траекторијата на фудбалот во последните 20 години, се оди кон тоа.

-Оној што има пари, тој купува тим, после тоа се стеснува конкуренцијата со други екипи, имаат проблем да се натпреваруваат на највисоко ниво што економси многу значи особено за нашите клубови. Не можам да кажам ништо повеќе од ова, но во прва не ми звучи добро. Јас всушност сакам да се отвори можност за повеќе клубови да се натпреваруваат на највисоко ниво. Така сакам и во тенисот. Тоа му дава убавина на спортот, ги привлекува љубителите на спортот да го поддржат, токму затоа што ги дава истите можности за поголем број натпреварувачи или клубови, -истакна Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни