Шпанија
И Атлетико киксираше, Барселона има можност да го преземе врвот во Примера (ВИДЕО)

По Реал Мадрид и Атлетико Мадрид не успеа да го добие својот меч од 24. коло во шпанската Примера или поточно избраниците на Чоло Симеоне освоија само бод против Селта Виго.
Домаќините уште во 5 минута останаа без услугите на Бариос кој заработи директен црвен картон што беше најава за тежок натпревар. Немаше промени на резултатот во првиот дел, односно до првиот гол на „Ванда Метрополитано“ се чекаше до 68 минута кога Аспас беше сигурен реализатор на најстрогата казна.
Атлетико не се предаде и преку нововлезениот Серлот израмни на 1-1 во 81 минута. Нови промени немаше, па така Атлетико не го искористи денешниот кикс на Реал кој ремизираше со Осасуна, поточно актуелниот првак е прв со еден бод повеќе од градскиот ривал.
Меѓутоа оваа ситуација може да ја промени Барселона која ако во понеделник го добие Рајо Валјекано тогаш ќе го преземе врвот на табелата.
ОВДЕ погледнете ги головите.
-
Англија23 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација14 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Светски првенства23 часа
Англија со нова победа без примен гол, прва радост за Албанија
-
Свет13 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 113 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија13 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет13 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!