Поврзете се со нас

Шпанија

И Атлетико го сакал Меси: Му се јавив на Суарез…

Објавено

на

Лионел Меси неочекувано ја заврши приказната со Барселона и тоа во моментите кога сите очекуваа да потпише нов договор со клубот од „Камп Ноу“, меѓутоа проблемите од финансиска природа и буџетот за плати кој беше над потребното направија да Ла лига да не даде зелено светло и напаѓачот како слободен агент се пресели во Пари Сен Жермен.

Аргентинецот во повеќе наврати истакна дека имал доста понуди на маса, а сега тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне откри дека тие биле заинтереснирани да го видат Меси на „Ванда Метрополитано“.

-Ќе ви кажам нешто. Кога се случи ова во Барселона му се јавивме на Суарез. Не му се јавив на Лео, туку му се јавив на Луис и го прашав како е Меси, што мисли, дали има и најмала шанса да дојде во Атлетико. Ама тоа траеше само три часа. ПСЖ очигледно беше опседнат со тој трансфер, -вели популарниот Чоло.

Mожете да замислите каков удар ќе беше за Барселона по Суарез и Меси да завршеше во Атлетико кој е еден од главните ривали за пехарот во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни