Поврзете се со нас

Англија

И Англичаните го менуваа преодниот рок: Познато кога треба да започне и кога да заврши

Објавено

на

Фудбалската Асоцијација на Англија размислува за поместување на летниот преоден рок откако сезоната во земјата уште не е завршена.

Коронавирусот направи огромни проблеми кои сами по себе повлекоа и многу промени во светот на фудбалот, па промена ќе доживее и преодниот рок кој е еден од наинтересните периоди иако тогаш речиси и да нема фудбалски натпревар.

Од ФА на Англија размислуваат преодниот рок да започне во август и истиот да трае до почетокот на месец октомври.

Истиот требаше да започне на 18 јуни, но тоа нема да се случи, па од ФА предлагаат истиот да започне на почетокот на август, кога сезоните и дефинитивно ќе завршат и да трае до 2-ри октомври.

Се очекува, ако се биде како што треба новата сезона во Премиер лигата да започне кон крајот на септември или почетокот на октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни