Поврзете се со нас

Олимписки игри

И Анастасија Мојсовска ќе не претставува на ОИ во Париз

Објавено

на

foto: mok.org.mk/

Македонија доби уште еден спортист, ас кој ќе не преставува на Летните Олимписко Игри кои ќе се одржат во Париз.

Нов член, наш учесник на игрите во Франција ќе биде Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво која ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени 60 истрели.

Мојсовска е повеќекратен државен првак и рекордер на Македонија, има остварено високи резултати на меѓународните натпревари, па настапот во ОИ ќе биде награда за нејзиниот труд, работа и ангажираност во изминатиов период и години.

Натпреварот според програмата на ЛОИ ќе биде на 28 јули.

Само за потсетување претходно билет за Париз од македонските спортиски обезбедија Дарио Ивановски во атлетика и Милијана Рељиќ во таеквондо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни