Поврзете се со нас

Германија

И Алаба ги „нападна“ првите луѓе на Баерн Минхен: Некои изјави ме изненадија и повредија

Објавено

на

blank

Во последно време многу се пишува за иднината на австрискиот интернационалец од редовите на Баерн Минхен, Давид Алаба.

Лавина коментари предизвика изјавата на некогашниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес кој го нарече агентот на Алаба, алчна пирана која бара повеќе пари за неговиот клиент.

Сега по целата фама што се крена во јавноста, со коментар се јави и најповиканиот во целата ситуација, самиот Давид Алаба.

– Би сакал мојата ситуација во врска со договорот да не се решава во јавноста. Поради тоа некоклу изјави и извештаи од минатата недела ме изненадија и многу ме повредија.

– Некои работи кои се напишани и кажани едноставно не одговараат на вистината. Сакам сите инволвирани да ги поштедам од јавна расправа иако сите детали не се познати.

– Навистина сакам наскоро да пронајдеме решение за клубот, одговорните, моите соиграчи и навивачите да знаеме на што сме, -заклучи Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни