Поврзете се со нас

Свет

Хувентуд на Димитријевиќ го шокираше шампионот Басконија со тројка за победа во последната секунда (Видео)

Објавено

на

Нено Димитријевиќ и неговите соиграчи од Хувентуд изборија драматична победа над актуелниот шампион Басконија (83:82), со реализирана тројка во последната секунда од натпреварот.

Хувентуд подобро го започна натпреварот, имаше и плус 15 на полувремето во дуелот со Басконија, но гостите ја вратија резултатската неизвесност, па дури и диктираа темпо во завршницата.

Сепак, најдобриот поединец на гостите, Хенри, не реализираше едно од двете слободни фрлања при водство на Басконија 80:81, а во последниот напад Хувентуд реализираше тројка преку Басас за голема радост на каталонскиот состав.

Димитријевиќ одигра помалку од 15 минути на денешниот дуел, реализираше 7 поени и по 2 скока и асистенции, за на крајот да се радува со своите соиграчи на оваа голема победа против шпанскиот првак.

Најефикасен кај Хувентуд беше Томиќ со 23 поени, додека херојот Басас постигна четири помалку, додека Хенри на спротивната страна реализираше 24 поени за Басконија.

По седум одиграни кола, Хувентуд има ефект 5-2 и е меѓу водечките на табелата, додека Басконија има пораз повеќе од вечерашниот противник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни