Хувентуд во победничка серија: Димитријевиќ и компанија ја средија и Мурсија (Видео)

nenad

Екипата на Хувентуд дојде до петтата победа во последните шест натпревари во АЦБ лигата со што дополнително си ги зголеми шансите за опстанок во најсилната конкуренција во Шпанија.

Ненад Димитријевиќ со колегите вечерва славеа на гостувањето кај Мурсија со 92-75. Клубот од Каталонција доби три од четирите периоди, а посебно импресивен беше во завршните десет минути (92-75). Аргентинецот Лапровитола со 27 поени, 8 асистенции, 4 скока и 3 украдени топки беше најистакнат поединец, а пак македонскиот репрезентативец Димитријевиќ за шесте минути реализираше 1 поен со 1 лична грешка.

Хувентуд со 18 поени е на 15 место.

Facebook Коментари