Поврзете се со нас

Европски купови

Хувентуд пријави четири позитивни тестови, откажано патувањето во Белград

Објавено

на

Шпанскиот кошаркарски прволигаш Хувентуд вечерва објави дека четворица кошаркари имале позитивен тест на коронавирусот.

Составот чиј член е и нашиот репрезентативец Нено Димитријевиќ се подготвуваше за патување во Белград, каде Хувентуд требаше да се соочи со Партизан во групната фаза на Еврокупот.

Утре сите членови на првиот тим ќе направат нови тестови според актуелниот протокол, по што ќе биде појасно колку играчи ќе недостасуваат, а јасно е дека дуелот во Белград ќе биде одложен.

Средбата требаше да се одигра во среда од 20:30 часот, но ќе мора да биде префрлена во нов термин, велат правилата на натпреварувањето.

Имињата на кошаркарите не се објавени, а во досегашниот тек на Еврокупот Хувентуд имаше максимален учинок со пет победи од ист број натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни