Хувентуд на Димитријевиќ немоќен со Реал, Дончиќ со потегот на натпреварот (Видео)

dimitrijevic

Хувентуд не можеше да го сопре разиграниот Реал Мадрид во натпревар од шпанската кошаркарска лига, а „кралскиот клуб“ на крајот славеше со убедливи 84:66.

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ, постигна 4 поени за нешто повеќе од 15 минути на теренот во кои забележа и 3 скока, а најефикасен во неговиот тим бил Вејнс со 22 поени.

Во редовите на Реал, Јуста реализираше 18 поени, а Лука Дончиќ со помала минутажа стигна до 7 поени, а воедно и потегот на натпреварот кој го направи при еден влез во рекетот на домаќините при кој изнуди и лична грешка.

Facebook Коментари