Поврзете се со нас

Свет

Хувентуд ја прекина серијата без победа во шпанската лига

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд остварија важна победа над Фуенлабрада (80:75) и конечно ја прекина негативната серија во домашното првенство.

Составот од Бадалона одамна се немаше израдувано на триумф во Ендеса лигата, но вечерва успеа да доминира против Фуенлабрада, иако лесно испушташе двоцифрена предност.

Хувентуд водеше и со 11 поени разлика, но дозволуваше гостите да дојдат до мала негатива, која сепак не беше претворена во пресврт.

Димитријевиќ постигна 5 поени откако не му одеше шутот (1/5), но реализираше 5 асистенции и 2 скока за повеќе од 28 минути на теренот.

Лопез-Аростеги со 18 поени бил најефикасен кај Хувентуд, а зад него бил Томиќ со 16 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни