Поврзете се со нас

Свет

Хувентуд и Димитријевиќ изненадени од фенерџијата Гипускоа

Објавено

на

Хувентуд во кој настапи нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, доживеа неочекуван пораз на домашен терен и тоа од актуелниот фенерџија во шпанската лига, екипата на Гипускоа Сан Себастијан (90:94).

Одбраните на двете екипи функционираа слабо, а гостите најавија изненадувачки исход уште во првиот дел кој го завршија со предност од шест поени.

Се чинеше дека сепак Хувентуд ќе го искористи квалитетот за да ги освои бодовите, откако во последниот период стигна до предност од осум поени, а во финишот сепак дозволи голема серија на Гипускоа.

Домаќините не постигнаа поени од 90:86 и загубија со 90:94, што е веќе четврти пораз по ред за составот од Каталонија кој има учинок 10-9 и во моментов е на седмото место на табелата.

Димитријевиќ го заврши натпреварот со 10 поени, а забележа и по 4 скокови и асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни