Хувентуд и Димитријевиќ преку драма до првата сезонска победа

neno

Тимот на Хувентуд од кој дел е нашиот Ненад Димитријевиќ ја запиша првата победа во новата сезона во шпанскиот шампионат.

Клубот од Бадалона славеше на гостувањето кај Манреса со минимални 67-66. Нено и компанија имаа се под контрола 30 минути и во последната четвртина влегоа со позитива од 15 разлика (51-36). Меѓутоа во завршницата дојде до опуштање и тоа го искористија домаќините кои се изборија за вистинска драма во последните мигови, па така на 7 секунди до крајот со слободните на Сако дојдоа до предност од 66-65.

Сепак последниот збор го имаше Хувентуд и тоа преку аргентинскиот репрезентативец Лапровитола кој успеа да се избори за два слободни на три секунди до крајот, истите ги реализираше и донесе голем триумф.

Токму Аргентинецот со дабл-дабл учинок од 16 поени и 10 асистенции беше најистакнат поединец, додека пак Димитријевиќ доби 10 минути за кои уфрли 4 поени со 4 скокови и 2 асистеции.

 

Facebook Коментари