Англија
Хусанов постигна неверојатно среќен прв гол во Англија и го најави пресвртот на Сити (Видео)

Манчестер Сити се намачи на гостувањето во Лондон кај третолигашот Лејтон Ориент, но на крајот успеа да избегне срам и елиминација во четвртата рунда во ФА купот.
Членот од Лига 1 поведе со гол од половина терен кој на крајот беше запишан како автогол на Стефан Ортега, но мора да се напомене дека доста храбар во својата намера беше Џејми Донли.
Погодокот од 16-та минута беше голем шок за гостите, кој во истата акција останаа и без Нико Гоналес кој денеска дебитираше во дресот на Сити.
Шпанскиот играч за врска се повреди и побара измена во раната фаза на мечот, па Пеп брзо мораше да реагира и во игра го стави Бернардо Силва.
Сити до полувремето не се закани посериозно и тоа го натера Гвардиола да направи уште две измени, па така шанса добија и Хусанов и Стоунс.
Младиот Узбекистанец на урнебесен начин го постигна првиот гол во дресот на Манчестер Сити без воопшто да сака такво нешто, а тоа се покажа како најава за пресвртот.
Погодокот на Хусанов донесе олеснување за фаворитот, а на крајот како клучен за пресврт и победа се покажа Кевин Де Брујне кој постигна гол по фантастичното додавање од Грилиш.
JAMIE DONLEY. THAT'S INCREDIBLE. 🤯
The @SpursOfficial loanee with an incredible effort from distance that ends up in the net to give @leytonorientfc the opening goal against Manchester City 😱#EmiratesFACup pic.twitter.com/bHnKg92Q2y
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) February 8, 2025
He didn't know much about it, but Abdukodir Khusanov has his first @ManCity goal 🇺🇿#EmiratesFACup pic.twitter.com/yJc0V3CCbY
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) February 8, 2025
A moment of quality from @ManCity ✨@JackGrealish with a beautiful ball through, and @KevinDeBruyne finishes with the dink 🤌#EmiratesFACup pic.twitter.com/kAAhT3ileb
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) February 8, 2025
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)