Поврзете се со нас

АТП

Хуркач освои поен на годината во финалето, Синер ја освои првата титула на трева (Видео)

Објавено

на

Јаник Синер со денешната победа се зацврсти на првото место на АТП листата, но младиот Италијанец уште еднаш потврди дека почнува да се снаоѓа добро на сите подлоги, бидејќи попладнево првпат освои трофеј на трева.

Италијанскиот тенисер го оправда статусот на светски рекет број еден со триумф на турнирот во Хале, кој е идеална подготовка за големите возбудувања кои ќе следат на Вимблдон на стартот на месец јули.

Синер во финалето имаше за ривал тенисер кој е специјалист за тревна подлога, но Хуберт Хуркач сепак на крајот загуби во два изедначени и тесни сета.

Јаник двапати беше поуспешен во тајбрејкот и славеше со 10:8 и 7:2, но исто така имаше доблест да признае една мајсторија на Хуби која сигурно ќе биде поен на турнирот во Хале.

Всушност, Хуркач достави кандидатура за поен на годината, бидејќи минијатурата која ја изведе е двојно потешка за реализирање кога се игра на трева.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни